Во врска со кандидатствувањето за учебната 2026 година во Бугарија, на нашиот сајт објавивме линк до официјалната Viber група за кандидат-студентите од Северна Македонија – заедничка иницијатива на StudirajBG и Неделното училиште „Здравей“ од Скопје.
Целта е да постои едно место каде брзо и јасно ќе споделуваме корисни информации, рокови и насоки, а истовремено да си помагаме меѓусебно со прашања од пракса.
Дополнително, информации може да најдете и на Facebook страницата на StudirajBG, како и на Instagram профилот на StudirajBG.
Приклучи се во официјалната Viber група
Добредојде!
Доколку сакаш да кандидатствуваш организирано и без непотребни грешки – приклучи се во групата.
Таму ќе ги собираме најважните информации за кандидат-студентите 2026 од Северна Македонија и ќе
споделуваме корисни насоки во реално време.
Тимот на StudirajBG и Неделното училиште „Здравей“ – Скопје