Loading...

Студентски Дом

Како може да се аплицира за студентски дом во Република Бугарија?

Кога веќе сте примен на универзитет во Бугарија, процесот за добивање студентски дом е многу сличен на оној за бугарските студенти, но со неколку дополнителни чекори поврзани со вашиот статус како странски студент. Студентите од Република Северна Македонија, поради специјалниот статус, често се третираат на исто ниво со студентите од Европската Унија, а во некои случаи и со подобри услови.

Аплицирање за Студентски Дом

Процесот за аплицирање за студентски дом вклучува следниве чекори:

  • Регистрација на универзитетот: По приемот, треба да се регистрирате во службата за студентски прашања (Деканат).
  • Аплицирање за студентски дом: Универзитетите имаат специјален оддел каде што можете да аплицирате за студентски дом.
Потребни документи:
  • Апликациска форма, достапна на веб-страницата на универзитетот или во канцеларијата за студентски домови.
  • Копија од лична карта или пасош за идентификација.
  • Студентска легитимација како доказ дека сте редовен студент на универзитетот во Бугарија.
  • Документ за прием (приемно решение), кој го добивате по приемот на универзитетот.

Критериуми за Доделување на Студентски Дом

Студентите од Р.С. Македонија, кои аплицираат по членовите 103 и 228, имаат право на студентски дом, независно од кој член се примани.

Цени за Студентски Домови

Цените за студентските домови во Бугарија се движат од 40 до 80 лева месечно, зависно од универзитетот и од самиот дом. Студентите од Р.С. Македонија најчесто плаќаат истите цени како и бугарските студенти.

Алтернативи за Сместување

Ако не добиете место во студентски дом, постојат алтернативи за приватно сместување, како изнајмување станови. Цените за приватно сместување во Софија почнуваат од околу 300-500 лева месечно.