Loading...

Упис на Универзитет

Како и по кој член може да се аплицира за студирање во Република Бугарија?

За да се студира во Р.Бугарија, може да се аплицира по еден од двата члена предвидени во законот за студирање на странци во Р.Бугарија. Тоа се ПМС 228 /1997 г. и ПМС 103/1993 г. Треба да се напомени дека при аплицирањето може да се избират и двата члена истовремено.

ПМС 228/1997 г.

Овозможува образование на странски државјани кои не се државјани на Република Бугарија и луѓе кои не докажуваат бугарско потекло. По овој член можат да аплицираат сите кандидати.

Потребни документи:
  • Копија од националниот пасош
  • Копија од личната карта
  • Извод од матична книга на родените
  • Свидетелства за завршените години од средното образование
  • Потврда за завршено средно образование
  • Диплома за завршено средно образование

Често при аплицирањето за образование во Р.Бугарија, во периодот кога е предвиден од страна на Министерството на образование на Р.Бугарија, дел од училиштата сеуште ги немаат дадено свидетелствата за завршена четврта година. Во таков случај, кандидатите можат да напишат молба до сопственото училиште, во која ќе побараат свидетелството за завршена четврта година да биде издадено порано.

Потврда за завршено средно образование е потврда која се издава од училиштето дека посочениот ученик во периодот посочен на самата потврда е бил ученик во нивното училиште. Потврдата треба да биде со цел за студирање во странство, но не е задолжително да биде наведена државата.

ПМС 103/1993 г.

Овозможува образование на кандидати кои не се државјани на Република Бугарија и на кандидати со двојно државјанство, пример Бугарско и Македонско, да аплицираат за студирање на Р.Бугарија. При аплицирање по ПМС 103/1993 г. кандидатите треба да докажат дека имаат бугарско потекло (произход).

Потребни документи:
  • Копија од националниот пасош
  • Копија од личната карта
  • Извод од матична книга на родените
  • Свидетелства за завршените години од средното образование
  • Потврда за завршено средно образование
  • Диплома за завршено средно образование

Документите за бугарско потекло можат да вклучуваат: изводи од родени, посмртници, стари бугарски документи, или официјални бугарски документи (како што се бугарска воена книшка или документи од бугарски училишта). Важно е да се покаже врската помеѓу кандидатот и предокот со старите документи.