Loading...

Земјоделската професионална гимназија ,,Климент Тимирјазев” во градот Сандански воведува новости во образовниот процес

Земјоделската професионална гимназија ,,Климент Тимирјазев” во градот Сандански воведува новости во образовниот процес

Училиштето набавило проекти за конструирање на електрични возила- тип тротинет, скејтборд и трицикл.

Интересна иницијатива во областа на иновации

,,Целта е да воведеме обука на еден нетрадиционален начин т.е да бидеме иновативни и свртени кон иднината. Ќе го разработиме проектот, ќе го надоградиме до одреден степен, ќе направиме така да биде нешто различно од самите упатства на фирмата што ни го предостави. Фирмата произведувач е од Холандија, но фирма од Софија нѐ откри и ни предложи да ги закупиме проектите,” изјави инж. Иван Попов, раководител на клубот по интереси „Роботика и автоматизација“ на гимназијата.

Ученици со нови идеи и креативност

Учениците од трета година по струката „Е-трговија“ Светлозар Цонев и Крсто Ноцков се меѓу првите ученици кои имале можност да работат со проектите со цел да ја развијат својата инженерска и критичка мисла за да создадат свое електрично возило.

,,Почнавме со инструкциите што ни беа дадени од ,,Скеду”. Откако добивме искуство со самото конструирање, одлучивме да направиме и сопствени модели кои да ги надоградиме. Во моментот сакаме од двата комплета да направиме наш целосно нов проект, кој што ќе го надградиме како што кажа инж. Попов со наши додатоци и конструкции,” изјави ученикот Светлозар Цонев.

,,Работата по проектот не е тешка бидејќи имаме добар тим, не сме само двајцата. Конструкцијата за првото возило ни одзеде два дена, најтешкиот дел беше основата, додатоците беа наше дело. За наша прва конструкција го одбравме моделот Hot rod. Откако го тестиравме одлучивме да воведеме некои иновации во самото возило. Откако нашите тестови поминаа успешно, одлучивме да создадеме наш сопствен модел возило,” изјави ученикот Крсто Ноцков.