Loading...

Завршија приемните испити за кандидат-студентите од Македонија

Завршија приемните испити за кандидат-студентите од Македонија

Приемни испити за студирање во Бугарија

Изминатиот викенд кандидат-студентите од Република Северна Македонија ги полагаа приемните испити за запишување на државните високообразовни установи во Република Бугарија. По долг период на подготовки, учење и исчекување, дојде моментот секој да го покаже своето знаење.

На 27 јуни се одржа општообразовниот приемен испит по бугарски јазик и литература, кој е задолжителен за сите кандидат-студенти кои конкурираат за студирање во Република Бугарија по ПМС 103 и ПМС 228. Ден подоцна, на 28 јуни, се одржа и дополнителниот приемен испит за кандидатите кои аплицираат на студиските програми медицина, дентална медицина и фармација.

И оваа година интересот за студирање во Бугарија останува голем. Голем број млади од Македонија ја гледаат својата иднина токму на некој од бугарските универзитети, каде што ќе имаат можност да стекнат квалитетно образование и да се развиваат професионално.

По завршувањето на приемните испити, кандидатите сега го очекуваат објавувањето на резултатите и конечните рангирања. За многумина ова е период исполнет со неизвесност, но и со надеж дека ќе бидат примени на посакуваниот факултет.

Без разлика на конечниот исход, секој што вложил труд, време и посветеност во подготовките заслужува признание. Приемниот испит е само една етапа од патот кон високото образование и новите можности што ги носи студентскиот живот.

Во наредните денови вниманието ќе биде насочено кон објавувањето на резултатите и следните чекори од кандидат-студентската кампања. Затоа им препорачуваме на сите кандидати редовно да ги следат официјалните известувања и навремено да ги исполнуваат сите административни обврски поврзани со запишувањето.

Како и досега, StudirajBG.com ќе продолжи да ги следи сите новости поврзани со кандидат-студентската кампања и навремено ќе ги информира кандидатите за роковите, резултатите и останатите важни информации.


🎓 StudirajBG.com им посакува многу успех на сите кандидат-студенти!

Им посакуваме успешни резултати, исполнување на вашите желби и што поскоро да станете дел од академската заедница на некој од универзитетите во Република Бугарија. Верувајте во себе и во знаењето што го стекнавте – ви посакуваме многу среќа и успешен почеток на новото животно поглавје! 🍀📚