Неделното бугарско училиште „Здравей“ – Скопје започнува со организирана подготовка за сите идни кандидати кои планираат да аплицираат на медицина, фармација или стоматологија во Бугарија.
Оваа подготовка е наменета за ученици и матуранти кои сакаат навреме да започнат со учење и систематски да се подготват по клучните предмети кои се бараат при приемот.
Ќе се формираат посебни групи по биологија и хемија, според бројот на пријавени и потребите на кандидатите. Целта е подготовката да биде јасно структурирана, практична и насочена кон материјалот што е важен за приемните испити.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават навреме, за да можеме навремено да ги организираме групите и распоредот.
e-mail: contact@bgschool.mk
тел. број: +389 78 443 926