„Медицинскиот факултет е 6 години, дополнителни 4 до 6 години е специјализацијата. Вкупно 10-12 години. Се стигнува до момент во којшто сте на 30 и нешто години, време кога вашата генерација основа семејства и има стабилни приходи, а вие влегувате од едно во друго дежурство, отсуствувате од важни празници и родендени, пропуштате оброци, дома сè уште учите од дебелите учебници...“, вели Марија Спасова (25) од Струмица, која е на специјализација во Софија и, покрај предизвиците, ја обожава својата професија.
Марија Спасова (25) од Струмица е лекар-специјализант по кардиологија во Националната кардиолошка болница во Софија (Бугарија), по потекло од Струмица.
Таа веќе шеста година живее Софија и е упорна да го оствари својот сон - да биде квалитетен кардиолог, којшто и клинички и духовно ќе допира до срцата на луѓето.
Уште на почетокот на моето средно образование знаев дека ќе студирам некаде на страна.
Не ми допаѓаше како работите се поставени во нашиот систем и опциите беа или да станам дел од него или „да го избегнам“ барем додека сè уште сум во процес на едукација. Аплицирав и бев примена на медицински студии во Словенија, Унгарија, Србија и Бугарија. Софија беше крајниот избор земајќи го предвид фактот што по тоа време работев како новинар и имав тенденции да се развивам и во таа насока, па често се наложуваше до патувам до Македонија.
Софија беше најблискиот град и помалото географско растојание ми даваше можност да бидам во тек со случувањата на терен.
Морам да го искоментирам фактот дека овде многу полесно се стигнува до специјализација и не е вообичаено чекањето со години, помош од штаб или некакво друго „заобиколување“ на системот. Можеби тоа е најголемата предност.
Конкурсите за специјализации не се распишуваат од Министерството за здравство, а секоја болница автономно објавува слободни позиции за специјализанти на коишто младите лекари може да аплицираат. Дадени се сите услови и средства за учење и унапредување, ваше е да вложувате во себе. Мислам дека студентите по медицина се делат на две големи групи – едните претпочитаат хирургија, другите интерна медицина.
Отсекогаш бев дел од втората група, но до последен момент не знаев која од интернистичките гранки ќе биде „моето нешто“.
После дипломирањето, неколку посети на Клиниката по кардиологија беа доволни да сфатам дека ова е областа во којашто сакам да се развивам. Срцево-садовите заболувања се меѓу водечките причини за морбидитет и морталитет на глобално ниво, а тоа ја прави кардиологијата критично важна медицинска гранка.
Нуди континуирани предизвици кои бараат аналитичко размислување, брзо донесување одлуки и постојано усовршување – сето тоа е во склад со мојот професионален темперамент.
Независно од тоа што специјализира, мислам дека ретко ќе најдете специјализант којшто ќе биде доволно наспиен, одморен и платен (ха-ха).
Во интерес на вистината, низ последните неколку години се направија некои позитивни промени коишто нè засегаат нас младите специјализанти, но има уште многу што да се прави и менува за да можеме да си ги зачуваме квалитетните кадри во државата. Медицинскиот факултет е 6 години, дополнителни 4 до 6 години е специјализацијата. Вкупно 10-12 години.
Се стигнува до момент во којшто сте на 30 и нешто години, време кога вашата генерација основа семејства и има стабилни приходи, а вие влегувате од едно во друго дежурство, отсуствувате од важни празници и родендени, пропуштате оброци, дома сè уште учите од дебелите учебници … и згора на сè, на крајот од месецот, она што ќе го видите на сметката во банка нема да биде доволно мотивациско.
Најстресни дефинитивно се оние во коишто се губи млад пациент, и покрај сите направени напори од наша страна.
Морам да ви кажам дека болничките ходници и соби се неми сведоци и на убави случки, многу љубов и надеж.
Како најубава случка од последните неколку седмици (и таква што мене ми донела особена лична сатисфакција) е кога наговорив млада жена што го посети Ургентниот центар во нашата болница поради болка во градите да остане за хоспитализација, и покрај негодувањето од нејзина страна на почетокот и нејзината желба да си оди дома.
На крајот, инсистирањето излезе оправдано – коронарографски се докажа речиси целосно запушување на една од коронарните артерии и со поставувањето стент се избегна миокарден инфаркт.
Тој период беше исклучително стресен за сите нас, од повеќе аспекти. Низ одделенијата се бараше рака повеќе за пружање постојана грижа на болните.
Мило ми е што заедно со дел од колегите бевме таму да ги потпомогнеме оние којшто со денови беа на првата линија од фронтот. Најважна поука? Дека сè се случува за последен пат, без тоа да го знаеме или предвидиме.
За последен пат видуваме, прегрнуваме и зборуваме со некого… може утре да нема таква можност.
Затоа кога интеракцијата со некој знае да ми биде конфликтна, се запрашувам дали ако ова е нашата последна интеракција би била океј и во мир самата со себе? Ако одговорот е не, давам сè од себе „топката да се смири“.
Како животот во секој друг главен град – побрз, подинамичен и побучен од оној во периферијата.
Софија е град што има што да понуди. На секоја улица има по нешто од различна епоха – римски остатоци, османлиски влијанија, социјалистичка архитектура, модерни стаклени згради. За младите, Софија може да се пофали со одлични универзитети, стартап заедница во подем, уметничка и музичка сцена, фестивали, барови и креативни настани секој викенд.
Последните неколку години Софија стана популарен избор за место за живеење за странци од Европа, но и целиот свет, а тоа дава можност за „судир“ и запознавање со најразлични култури.
Позитивните мислам дека веќе ги спомнав. Сè ти е лесно достапно, добра инфраструктура, организиран транспорт, богат културен и ноќен живот. Многу меѓународни компании имаат канцеларии тука, што отвора работни можности и за локалци и за странци.
Негативни – загадениот воздух зимно време, паркирањето како хроничен проблем, кириите се доста повисоки во споредба со останатите градови, има пренеселени општини.
Искрено, не би рекла дека има некаква магична тајна – клучот е добра организација, поставување приоритети и јасна мотивација.
Секој ден си го планирам однапред и се трудам да бидам флексибилна, но и дисциплинирана. Кога работиш или учиш со јасна цел пред себе, многу полесно е да се најде време и за останатите нешта – вклучувајќи и патување, кое за мене е извор на инспирација, но и начин за „ресет“.
Како специјализант по кардиологија, најчесто се среќавам со пациенти кои имаат артериска хипертензија, срцева слабост, исхемична болест на срцето (како ангина пекторис и миокарден инфаркт), како и разни типови аритмии.
Во последниве години, значително е зголемен и бројот на пациенти со метаболен синдром – комбинација на дијабетес, дебелина и покачени масти – што директно влијае врз здравјето на срцето.
Сè повеќе млади луѓе доаѓаат со покачен крвен притисок или срцева тахикардија, често поврзани со хроничен стрес, недоволна физичка активност и нездрав начин на живот.
*Превземено од crnobelo.com