Loading...

20 прашања што родителите од Македонија најчесто ги поставуваат за студирање во Бугарија

Како и по кој член може да се аплицира за студирање во Република Бугарија?

За да се студира во Р. Бугарија, може да се аплицира по еден од двата члена предвидени во законот за студирање на странци. Тоа се ПМС 228/1997 г. и ПМС 103/1993 г. Треба да се напомени дека при аплицирање може да се изберат и двата члена истовремено.

Студирање во Бугарија
ПМС 228/1997 г.

Овој член овозможува образование на странски државјани кои не се државјани на Република Бугарија и не докажуваат бугарско потекло. По овој член можат да аплицираат сите кандидати.

Потребни документи

• Копија од национален пасош
• Копија од лична карта
• Извод од матична книга на родените
• Свидетелства за завршените години од средно образование
• Потврда за завршено средно образование
• Диплома за завршено средно образование (кога е достапна)

Во случај училиштето сè уште да не ги издало сведителствата за четврта година, кандидатите можат да поднесат барање за порано издавање. Потврдата за образование е слободен текст и треба да покаже дека ученикот има завршено средно образование.

ПМС 103/1993 г.

Овој член овозможува образование на кандидати кои не се државјани на Република Бугарија, но имаат бугарско потекло или двојно државјанство. За аплицирање е потребно да се докаже бугарско потекло.

Потребни документи

• Копија од национален пасош
• Копија од лична карта
• Извод од матична книга на родените
• Свидетелства за завршените години од средно образование
• Потврда за завршено средно образование
• Диплома за завршено средно образование (кога е достапна)

Како се докажува бугарско потекло?

Бугарското потекло се докажува преку документи кои ја покажуваат врската со предок кој има бугарски документ.

• Изводи од матична книга + стар бугарски документ (се покажува линијата од кандидатот до предокот)
• Родител бугарски државјанин (изводи + копија од бугарска лична карта или пасош)

Со кои документи може да се докаже потекло?

Бугарско потекло може да се докаже со документи издадени од:
• Бугарски училишта
• Бугарска црква
• Бугарски воен архив или воена книшка
• Бугарски централен државен архив