Чекор 1: Внесување лични податоци
Треба да внесеш име, презиме и фамилија на англиски јазик, точно како што се напишани во твоите документи за идентификација (лична карта или пасош).
По внесувањето, системот автоматски ќе ги транслитерира на бугарски јазик, за полесна употреба.
Ова е првиот од вкупно четири чекори при регистрацијата на профилот.
Што треба да направи кандидатот тука:
Телефонски број
Треба задолжително да се внесе валиден телефонски број. Се прикажува порака со црвено:
„Телефонният номер е задължителен“, што значи дека полето е задолжително и без него не може да се продолжи понатаму.
Државјанство (Гражданство)
Во ова поле е веќе избрана опцијата: „Република Северна Македония“ (Република Северна Македонија).
Тоа значи дека системот овозможува на македонски државјани да се пријават како кандидати.
Ова се основни лични податоци кои се потребни за да се продолжи со креирање на профилот.
Оваа слика прикажува го вториот чекор од регистрацијата на кандидатстудентскиот профил, каде што треба да се избере на кое постановление на Советот на министри (ПМС) се повикувате при пријавувањето.
Што претставуваат овие членови и која е разликата меѓу нив:
🟦 ПМС бр. 103/1993
Овој член се однесува на:
Лица со бугарско потекло, кои живеат надвор од Република Бугарија, на пример во Македонија, Украина, Србија, Албанија, Молдавија и др.
Овозможува студирање во Бугарија со државна финансиска поддршка, односно без плаќање школарина.
Вклучува и можност за сместување во студентски домови под поволни услови.
Потребно е да се приложи доказ за бугарско потекло, што може да биде докажано ако кандидатот има родител бугарски државјанин или стари официјални оригинални бугарски документи.
🟩 ПМС бр. 228/1997
Овој член се однесува на:
Странски државјани кои немаат бугарско потекло, но сакаат да студираат во Бугарија.
Образованието под овој член е со самофинансирање, односно студентот плаќа школарина.
Треба да се напомени дека во првата година од студирањето и по двата члена студентите зимаат стипендија
Оваа секција е за избор на образовниот степен за којшто аплицирате. Можете да изберете само една од следните опции:
🔘 По завршено средно образование
Оваа опција е за кандидати кои аплицираат за прв циклус на високо образование (бакалауреат), односно веднаш по завршено средно училиште.
⚪ За студирање во образовно-квалификациски степен "магистер" по стекнато високо образование
Ова е за лица кои веќе имаат диплома од високо образование (бакалауреат) и сакаат да продолжат со магистерски студии.
⚪ За студирање за стекнување на образовна и научна степен "доктор" и за следдипломска специјализација
Ова е за кандидати кои веќе имаат магистерска диплома и сакаат да се запишат на докторски студии или специјализација.
На сликата се прикажува дел од онлајн апликацијата за кандидатствување во високо образование во Бугарија.
Тука кандидатот треба да потврди (со штиклирање) дека:
Го владее бугарскиот јазик;
Знае и се согласува дека наставата на универзитетите во Република Бугарија се одвива на бугарски јазик;
Се согласува целата комуникација за време на оваа кандидатска кампања да биде на бугарски јазик.
Откако ќе го штиклира полето, треба да кликне на копчето "Създай профил" (Креирај профил) за да продолжи понатаму.
Кога ќе ви излезе оваа слика на платформата значи дека успешно сте направиле профил.
Овде ги внесувате вашите лични податоци . Име и презиме на кирилица и на латиница
Овде избирате какво државјанство имате. Напомена за тие кои имаат и македонско и бугарско државјанство, го избирате македонското државјанство, бидејки аплицирате како македонски државјанин. Тоа што имате и бугарско државјанство ке ви биде во голема полза кога ке отидете да учити во Бугарија, нема да имате потреба од поднесување на документи за престој.
Овде внесувате адреса на живеење според македонскиот пасош, број на лична карта. Кај персонален идентификационен код внесувате вашиот матичен број.
Oвде прикачувате слика ( скенирано исто така може ) од вашата македонска лична карта.
Ова е за кандидатите кои се под 103 член, со бугарско потекло. Овде прикачувате документи со кои докажувате дека имате бугарско потекло. Доле во описание, може да додадете нешто како дообјаснување во прикачената документација ако мислете дека има потреба од тоа нешто .
Овде прикачувате извод од матичната книга на родените од кандидатот.
Овде прикачувате слика од дипломата за завршено средно образование кога ќе ви ја издадат од вашето училиште.
Овде ги прикачувате свидетелствата за завршена секоја една година од средното образование .
Овде прикачувате документ издаден од вашето училиште во слободен текст, каде што треба да пишува дека посоченото лице е учил во нивното училиште. Треба да биде напишано и периодот на образование во соодветното училиште.
Овде прикачувате копија од македонскиот пасош.
Овде можете да ги прикачете пак документите со кои докажувате дека имате бугарско потекло.
Овде ке видете ако има некакви дополнителни барања од страна на Министерството на образование или од институцијата која ви ги разгледува документите за докажување на бугарско потекло.
Г Р А Ф И К
За кампањата за прием на студенти, за студирање во државните високообразовни установи во Република Бугарија според Член бр. 103/1993 и Член бр. 228/1997 за академската 2025–2026 година